Slide 1
Slide 1

Новитети

Toyota ги надгради потврдените квалитети на Camry Hybrid

Slide 1
Slide 1

Toyota Camry го задржува хибридниот погон кој испорачува 218 коњски сили, а фејслифтот ќе понуди суптилно освежување на екстериерот за уште потрендовски седан, чија главна одлика сепак е елеганцијата

23/11/2020

Вклучувањето на хибридната изведба на Camry во европската понуда се покажа како добар потег на Toyota, a Јапонците сега ја најавија и освежената верзија на големиот седан.

Со над 19 милиони продадени примероци на глобално ниво, Camry се претвори во седан легенда, а новата изведба ги користи сите придобивки и напредни системи на производителот кој доминира во понудата на самополнечки хибриди.

Toyota Camry го задржува хибридниот погон кој испорачува 218 коњски сили, а фејслифтот ќе понуди суптилно освежување на екстериерот за уште потрендовски седан, чија главна одлика сепак е елеганцијата.

Додадени се нови бои, поголем избор со нови 17 и 18-инчни фелни, додека во ентериерот ќе биде вметнат поголем и повисоко поставен, 9-инчен централен екран.

Toyota овозможува интеграција на Apple CarPlay и Android Auto, а збогатен е и пакетот на безбедносни системи, кој е еден од најнапредните во овој сегмент.

Camry Hybrid ќе го користи и интелигентниот адаптивен темпомат за сериозна асистенција на возачот и драстично намалување на ризикот од опасни ситуации во и вон урбани средини.

Повеќе содржини за Toyota:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“