Slide 1
Slide 1

Вести

Toyota ги потврди производствените планови за фабриката во Чешка

Slide 1
Slide 1

07/06/2021

Јапонска Toyota целосно ја презема фабриката во Колин, Чешка, каде изминатите години се одвиваше производството на моделот Aygo, но и техничките близнаци од соработката со PSA.

Во иднина, производството ќе биде резервирано само за програмата на Toyota, а раководството на европскиот оддел ги потврди активностите за наредниот период.

Фабриката во Колин беше подготвувана за TNGA платформата и производството на новата генерација на Yaris. a сега е потврдено и дека на оваа локација ќе се произведува уште еден модел, поточно наследникот на актуелниот Aygo.

Toyota веќе го претстави концептот Aygo X, кој е кросовер од А сегментот и ќе биде освежување подготвено според приоритетите на купувачите, па тоа ќе биде и автомобилот за кој Јапонците нешто подоцна ќе го потврдат производството во Колин.

Голем број производители се повлекоа од А сегментот, но во Toyota се убедени дека користењето на иста платформа со Б сегментот ќе им овозможи профитабилно работење и во сегментот на најмали автомобили.

Главна амбиција на производителот е да ја надмине границата од 1,5 милион продадени примероци во Европа до 2025 година.

Повеќе содржини за Toyota:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“