Slide 1

Новитети

Toyota го освежи Hilux со нов мотор и Invincible верзија

Slide 1

Toyota Hilux по фејслифтот ќе користи напреден 2.8-литарски дизел мотор, тој генерира 204 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm, a подобрено е и забрзувањето од 0 до 100 км/ч кое сега трае само 10 секунди

04/06/2020

Освежената изведба на Toyota Hilux веќе е реалност и пик-апот на јапонскиот производител денеска првпат ги покажа своите нови квалитети, со кои само ќе ја надгради успешната приказна која трае со децении.

Hilux се појави на автомобилската сцена во 1968 година и оттогаш успеа да добие многу фанови, кои ја ценат издржливоста и функционалноста на овој пик-ап.

Товарниот простор од 1 тон и способноста за влечење приколка до 3,5 тона остануваат дел од вредностите на оваа Toyota, која сега во сите изведби е достапна со погон на четири тркала.

Toyota Hilux по фејслифтот ќе користи напреден 2.8-литарски дизел мотор, тој генерира 204 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm, a подобрено е и забрзувањето од 0 до 100 км/ч кое сега трае само 10 секунди.

Инженерите посебно работеле на суспензијата, чија ревизија овозможува подобро однесување на пик-апот во зависност од подлогата и динамиката во движењето, а зголемен е и комфорот за возачот и патниците.

Toyota-Hilux1
Toyota-Hilux4
Toyota-Hilux2
Toyota-Hilux

Exit full screenEnter Full screen

Во кокпитот, купувачите ќе добијат посакувана ергономија, 8-инчен екран осетлив на допир, автоматски клима-уред, сензори на задниот дел и многу други опции.

Посебен специјалитет на новиот Hilux e Invincible верзијата, која е достапна кај изведбите со единечна и двојна кабина, а овозможува највисоко ниво на опременост со посебни детали на екстериерот и во ентериерот.

Повеќе содржини за Toyota

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla