Skip to content

Новитети

Toyota го освежува C-HR, кросоверот ќе биде достапен во две хибридни изведби

01/10/2019

Уникатниот дизајн на Toyota C-HR привлече многу нови купувачи за јапонскиот бренд, а истовремено овозможи приближување на хибридната технологија до помладите возачи кои се решија за автомобил од најтрендовскиот сегмент, но со хибриден погон.

И додека C-HR му обезбедува посебен квалитет на хибридното портфолио на Toyota, производителот ги објави првите детали за освежената изведба, чија задача ќе биде да ја зацврсти, па и подобри позицијата на овој модел меѓу кросоверите во својата класа.

Фејслифтот носи мали промени на екстериерот, бидејќи е јасно дека купе силуетата и нејзините главни линии остануваат заштитен знак на C-HR, но дизајнерскиот тим направил мали промени. Предните светла кои се со LED технологија ги комбинираат дневните светла и трепкачите во една целина, редизајнирани се браниците со промена на долниот раб на предниот кој сега е во боја, а задните светла се поврзани со спојлер во црна боја.

Редизајниран заден дел
Редизајниран заден дел
Редизајниран заден дел
Дизајнерите го освежиле браникот кој сега изгледа поспортски, а повлекле и атрактивен потег за поврзување на светлата

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Инфотејнмент надградба
Инфотејнмент надградба
Инфотејнмент надградба
Освежениот C-HR доаѓа со лесна интеграција на Apple CarPlay и Android Auto, како и други напредни функции
Освежениот C-HR доаѓа со лесна интеграција на Apple CarPlay и Android Auto, како и други напредни функции
Освежениот C-HR доаѓа со лесна интеграција на Apple CarPlay и Android Auto, како и други напредни функции
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Втор хибриден погон
Втор хибриден погон
Втор хибриден погон
По Corolla, C-HR ќе биде вториот модел на Toyota со две опции на хибридниот погон (122 и 184 кс)
По Corolla, C-HR ќе биде вториот модел на Toyota со две опции на хибридниот погон (122 и 184 кс)
По Corolla, C-HR ќе биде вториот модел на Toyota со две опции на хибридниот погон (122 и 184 кс)
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider

Она што дефинитивно заслужува посебно внимание е фактот што C-HR во иднина ќе биде достапен со уште една варијација на хибриден погон. Покрај досегашната со 1.8-литарски бензински мотор, односно 122 коњски сили, оваа Toyota со фејслифтот ќе може да се добие и со 2.0 литарски мотор и вкупна моќност од 184 коњски сили.

По Corolla, C-HR е вториот модел на Toyota со ваков избор, а производителот вели дека потрошувачката ќе биде минимално зголемена, додека истовремено тој ќе понуди поизразени перформанси при возењето.

Новиот инфо-забавен систем лесно ги интегрира Apple CarPlay и Android Auto, а Toyota најавува и лесно надградување на мапите од навигацијата и уште побрзи и поедноставни функции поврзани со содржајното мени.

Од технички аспект, инженерите на јапонскиот бренд имале задача дополнително да ја калибрираат суспензијата, но и да ги намалат бучавата и вибрациите во кабината, за поголем комфор на сите патници.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend