Slider

Вести

Тoyota GR Supra отсега достапна во Европа и со 2.0-литарски мотор

Slider

Подостапната изведба подразбира моќност од 258 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm достапни уште на 1.500 вртежи, а во однос на потрошувачката и Co2 емисијата, најавен е просек од 6,3 литри, односно 143 г/км

15/01/2020

Новата генерација на спортистот на Toyota кој е познат како GR Supra отсега ќе биде достапна во Европа и со 2.0-литарски турбо бензинец со четири цилиндри, со што ќе биде подостапна за фановите на перформанс автомобилите со потпис на јапонскиот производител.

Досега оваа опција им беше достапна само на јапонските купувачи, но во 2020 година Toyota реши да имплементира втора варијација на овој автомобил, кој од премиерата беше понуден со помоќниот 3.0-литарски агрегат со 6 цилиндри.

Подостапната изведба подразбира моќност од 258 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm достапни уште на 1.500 вртежи, а во однос на потрошувачката и Co2 емисијата, најавен е просек од 6,3 литри, односно 143 г/км.

Јапонците велат дека помалата тежина и идеалната дистрибуција на масата 50:50 ќе влијае да се добие слична порција задоволство зад волан како и кај помоќната изведба, а спринтот до стотка на Supra 2.0 ќе трае 5,2 секунди. И помалку моќната GR Supra ќе соработува со 8-степена автоматска трансмисија на ZF, a во сериската опрема се вклучени и 18-инчни тркала.

Во ентериерот се акцентира квалитетот на избраните материјали, но и спортскиот карактер на Toyota GR Supra, при што достапни се и голем број опции за персонализација на овој автомобил.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider