Skip to content

Новитети

Toyota GR Yaris – Рели карактер со најмоќниот трицилиндерец во светот

Toyota GR Yaris доаѓа со Torsen диференцијал, а помалку 0д 1,3 тони тешкиот автомобил стигнува до 100 км/ч за 5,5 секунди, при што не смее да се заборави вртежниот момент од 360 Nm кој е повеќе од респектабилен

10/01/2020

Новата генерација на Toyota Yaris ќе биде интересен предизвик за фановите на малите автомобили, а покрај опцијата да се искористи напредниот хибриден погон, тие ќе можат да се одлучат и спортската GR Yaris изведба.

На тој начин, позицијата зад воланот гарантира уживање во најмоќниот трицилиндерски мотор во моментов, односно нов 1.6-литарски агрегат со дури 257 коњски сили, комбиниран со 6-степена мануелна трансмисија и погон на четири тркала.

Toyota GR Yaris доаѓа со Torsen диференцијал, а помалку 0д 1,3 тони тешкиот автомобил стигнува до 100 км/ч за 5,5 секунди, при што не смее да се заборави вртежниот момент од 360 Nm кој е повеќе од респектабилен.

Спортскиот хечбек е поставен на комбинирана платформа која овозможува искористување на целосниот потенцијал на погонската единица, но и посакувана управливост и стабилност, а Toyota го потенцира и новиот погон на четири тркала кој е посебно флексибилен и овозможува целосно префрлување на вртежите на една од двете оски.

Јапонскиот производител гордо го истакнува фактот дека GR Yaris ги користи придобивките од големото искуство на Toyota во Светскиот рели шампионат, а дел од елементите и материјалите се употребени и за оваа улична изведба која ќе ги помести стандардите во класата.

Единствен проблем за заинтересираните за GR Yaris може да биде евентуалната одлука на производителот да го лимитира бројот на произведени примероци, но барем засега нема најава за такво нешто.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend