Slide 1
Slide 1

Вести

Toyota ќе претстави нов мотор на водород на трка во Јапонија

Slide 1
Slide 1

23/04/2021

Јапонска Toyota најави учество на трка на домашна територија, на која првпат ќе го претстави новиот погон на водород.

Иако токму Toyota e позната по напредокот во однос на користењето на водород како гориво и одамна во сериско производство го има моделот Mirai, во случајов се работи за поинаков систем кој е поблизок до класичните бензински мотори со внатрешно согорување.

Toyota ќе се претстави со Corolla Sport на трката 24 часа Фуџи, при што главна ѕвезда ќе биде моторот во кој ќе биде впрскуван водород, кој според инженерите на јапонскиот производител, обезбедува побрз процес на согорување во однос на бензински мотор.

Тоа подразбира подобри перформанси кои ќе бидат тестирани токму на овој настап меѓу 21 и 23. мај, по што Toyota веројатно ќе ја адаптира стратегијата во развојот на овој погон.

Кај моделот Mirai кој користи погон со горивни ќелии, водородот има реакција со кислород, при што се создава електрична енергија, која го напојува електро-моторот, а најважната предност на погонот на водород е што не испушта никакви издувни гасови во околината.

Повеќе содржини за Toyota:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање