Стории
Toyotа ќе воведе “Gigacasting” со што одредени производствени процеси ќе се скусат од 30 минути на 100 секунди
На пример, во моментов задниот дел на Toyota bZ4X, се состои од 86 делови кои се произведуваат во 33 различни производствени процеси.
Јапонскиот автомобилски производител Toyota најави дека ќе се обиде да ја надмине Tesla, преку варијација на својот познат систем на производство.
Имено, Tesla ѝ покажа на автомобилската индустрија дека организација на производството која подразбира ниски трошоци, ултра-ефикасност и иновативност во неговото планирање е клучот при производството на модерни електрични возила.
Имајќи го ова предвид, најголемиот производител на автомобили на светот, во следните неколку години планира комплетна реорганизација на фабриките, производствените линии и логистиката.
Дел од решенијата кои ќе ги воведе Toyota е и она кое предвидува автомобилите самостојно да се движат низ фабриките без присуство на класична производствена лента.
Tesla во изминатиот период воведе многу новитети кога е во прашање организацијата на самиот процес на производство.
“Секако ние мора да признаеме дека Tesla има прекрасна технологија”, изјави Јошио Накамура, заменик директор на производство во Toyota. “Но, тоа само дополнително нѐ мотивира да рабитиме напорно и да ја достигнеме.”
Во однос на обемот, добро е да се напомене дека планот е до 2030 година Toyota да достигне годишен обем на производство кој изнесува 3.5 милиони електрични возила.
Споредбата со само 24,466-те електрични возила кои Toyota ги продаде во 2022 година, означува дека е ова амбициозен план.
Еден од клучните фактори при иновацијата на производството е таканаречениот Gigacasting. Тоа е начин на производство на автомобили од неколку големи алуминиумски делови, со што се елиминираат безбројните мали алуминиумски делови кои сега засебно се вградуваат во автомобилот.
На пример, во моментов задниот дел на Toyota bZ4X, се состои од 86 делови кои се произведуваат во 33 различни производствени процеси. Она што Toyota го тестира во моментов е производство на целиот заден дел од каросеријата во еден дел и низ еден производствени процес, благодарение на специјална машина наречена Gigapress.
Toyota користи машина тешка 4,000 тони, произведена од добавувачот Ube Corp, а во меѓувреме се обидува да произведе своја сопствена машина.
Иако тежината делува импозантно, сепак тоа е нешто помалку од вообичаеното во однос на ваквите машини кои тежат во просек 6,500 тони.
Задниот дел на подвозјето на bZ4X може да се произведе за околу 100 секунди, споредено со денешниот начин на производство при кој се потребни 30-тина минути.