Вести
Toyota, најголемиот светски автомобилски производтел, произведе рекорден број на автомобили во ноември
Автомобилската индустрија сѐ уште е под влијание на недостиг на полупроводници и други делови, а во исто време сведоци сме дека во Кина е во тек нов бран на Коронавирусот кој предизвика нови затворања на производствените погони.
Благодарение на силната побарувачка и константните залихи на компоненти, Toyota Motor Corp објави дека во ноември успеал да оствари рекордна продажба.
Имено, најголемиот светски автомобилски производител минатиот месец успеал да произведе 833,104 автомобили, што претставува 1.5% зголемување во однос на истиот месец од минатата година. Глобалната продажба пораснала за 2.9% (на 796484 возила).
Зголеменото производство е резултат на голема побарувачка на пазарите на Северна Америка, како и закрепнувањето на компанијата во споредба со минатата година кога Ковид инфекциите во Југоисточна Азија направија прекин во доставата на компоненти.
Автомобилската индустрија сѐ уште е под влијание на недостиг на полупроводници и други делови, а во исто време сведоци сме дека во Кина е во тек нов бран на Коронавирусот кој предизвика нови затворања на производствените погони.
На почетокот на ноември, Toyota oбјави намалување на глобалните производствени таргети за фискалната година која завршува во март 2023, како и одржување на релативно скромните профитни таргети поради недостигот на компонентите.
Во однос на производството по региони, домашното производство на Toyota се намалило за 3.3% споредено со претходната година и сега изнесува 266,174 примероци, додека производството надвор од Јапонија се зголемило за 3.8% на 566,930 примероци.
Доколку во прегледот се вклучат и возилата произведени од компаниите во сопственост на Toyota како што се Dihatsu Motor Co. и Hino Motors Ltd, глобалното производство изнесува 982,522 автомобили, додека глобалната продажба 884,112 автомобили.