Slide
Slide

Вести

Toyota подготвува посебна платформа за европските електрични и хибридни модели

Slide
Slide

Corolla Cross ја зголеми понудата на Toyota во SUV сегментот, каде производителот е веќе застапен со постоечките C-HR и RAV4 модели.

09/12/2021

Toyota подготвува нова платформа на која ќе бидат поставени модели со хибридни, плаг-ин хибридни и електрични погони, во зависност од пазарните услови и барањата на купувачите.

Новата платформа именувана како Е3, ќе комбинира елементи од глобалната платформа на Toyota (GA-C) и e-TNGA платформата, која е наменета за производство на електрични автомобили. 

На Toyota ѝ е потребна нова платформа за Европа, бидејќи во овој регион нема да произведува возила поставени на е-TNGA платформата.

Без новата платформа, дел од моделите кои сака да ги продава во Европа, Toyota ќе мора да ги произведува и увезува од Јапонија. Таков е случајот со електричниот компактнен кросовер bZ4X, кој ќе биде лансиран следната година.

Според Мат Харисон, извршниот директор на Toyota Europe, E3 платформата ќе му овозможи на производителот лесно да ја адаптира комбинацијата од погони во своите модели во зависност од побарувачката и инфраструктурата за полнење на различни пазари. 

“Ние сме убедени дека транзицијата кон јаглеродно-неутрално работење нема да подразбира исклучиво производство на електрични погони, туку ќе вклучува повеќе технологии и погони кои заедно ќе не однесат до истата – крајна цел” – изјави Харисон.

Toyota ќе ја вградува новата E3 платформа во своите фабрики во Велика Британија и Турција, кои веќе произведуваат модели на постоечката GA-C платформа. Двете фабрики заедно имаат вкупен производствен капацитет од над 450,000 примероци годишно.

Харисон додава дека E3 платформата ќе биде воведена во втората половина од декадава. 

Таа ќе го забрза процесот на зголемување на гамата на компактни модели на брендот, која е веќе проширена со воведувањето на новата Corolla Cross. 

Компактниот кросовер ја зголеми понудата на Toyota во SUV сегментот, каде производителот е веќе застапен со постоечките C-HR и RAV4 модели. 

Toyota планира промени во тековната гама на возила во компакт класата, при што само хеџбек изведбата на Corolla, и можеби седанот, ќе добијат следни генерации.

Клиентите на караван изведбите ќе бидат пренасочени кон Corolla Cross, која ќе биде ќе се произведува и увезува од Јапонија. Производството на следната генерација на моделот, која ќе дебитира во втората половина на декадава, ќе биде пренесено во Европа, токму на Е3 платформата.

Toyota ќе ја користи Е3 архитектурата и за втората генерација на C-HR, купе SUV со препознатлив дизајн, кое беше лансирано во 2018 година.

Со 88,433 примероци продадени во Европа од јануари до октомври годинава, C-HR е вториот најдобро продаван SUV на брендот, веднаш зад RAV4 (92,552), и четврт најдобро продаван модел на брендот зад Yaris (164,164) и гамата на Corolla која забележа 121,233 продадени примероци во истиот период од годинава.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1