Вести

Toyota постави нов продажен рекорд, во 2019 година испорачани речиси 2 милиони хибриди

Споредбено со претходната 2018 година, продажбата на Toyota Motor Corporation е зголемена за 1,4 проценти, а вкупната бројка од 10.742.122 продадени примероци е доволна за второ место на ранкингот на групации со најголема годишна продажба

30/01/2020

Групацијата Toyota продала 10,74 милиони возила во 2019 година, па иако профитабилноста стана приоритет на автомобилските производители пред продукцијата, вреди да се одбележи дека ова е нов продажен рекорд на јапонскиот гигант.

Споредбено со претходната 2018 година, продажбата на Toyota Motor Corporation е зголемена за 1,4 проценти, а вкупната бројка од 10.742.122 продадени примероци е доволна за второ место на ранкингот на групации со најголема годишна продажба.

Брендовите Toyota и Lexus заедно на глобално ниво продале 9,71 милиони автомобили, што е раст за 1,8 проценти, а напредок во продажбата имаат и Daihatsu и Hino. На домашна, јапонска територија, групацијата испорачала 2,34 милиони возила и го зголемила пазарниот удел до 45 проценти.

Продажбата во Европа во 2019 година била зголемена за 4,6% и стигна до 1,05 милиони возила, а најважните причини за растот се новите генерации на Corolla и RAV4, како и почетокот на продажбата на новиот Lexus UX.

Најголем европски пазар за групацијата остана Обединетото Кралство со 130.124 продадени возила (+ 4.2%), по што следуваат Русија и Франција.

Она што е посебно важно за водечките брендови Toyota и Lexus е зголемената продажба на самополнечките хибриди, кои во 2019 година биле продадени во 1,92 милиони, што е раст на глобално ниво од 17,8 проценти. Моделот Mirai кој користи погон на водород бил продаден во 2.494 примероци и бележи мал раст од 1,5%, додека заедно хибридните изведби (вклучувајќи го и Prius PHEV) и Mirai FCEV стигнале до 534.565 нови купувачи во Европа, што претставува раст од 14,8 проценти.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider