Slide 1
Slide 1

Вести

Toyota постави нов рекорд за автономија со автомобил со погон на водород

Slide 1
Slide 1

31/05/2021

Toyota уште еднаш го потврди големиот потенцијал на автомобилите на погон на водород, поставувајќи нов светски рекорд во однос на автономијата со едно полнење на резервоарот.

Втората генерација на Mirai минала 1.003 километри со едно полнење на резервоарот, при што борд компјутерот информирал дека може да се извозат уште 7 километри.

Подвигот бил реализиран во Франција, при што била постигната просечна потрошувачка од 0,56 кг на 100 километри, со автомобилот чиј резервоар има капацитет од 5,6 килограми водород.

Четири возачи учествувале во постигнувањето на рекордот, користејќи „еко“ возачки стил, но не и специјални техники кои не можат да се употребуваат во секојдневното возење.

Модерната технологија на погонската единица на Mirai е само еден дел од напредокот кој е постигнат кај новата генерација, a Toyota најавува дека вообичаената автономија со полн резервоар изнесува до 650 километри.

Подоцна, резервоарот се полни за само 5 минути и Mirai е подготвен за нови предизвици, елемент кој му дава сериозна предност во однос на електричните автомобили, чие полнење трае многу подолго.

Повеќе содржини за Toyota:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање