Slider

Вести

Toyota потврди дека Aygo ќе добие наследник

Slider

03/03/2021

Актуелната фаза во автомобилската индустрија ги натера производителите да размислуваат за повлекување од А сегментот, барем во периодот кога не се подготвени да понудат целосни електрични модели во истиот.

Голем дел од нив не најавија нови генерации на актуелните или досегашни претставници, но во ова друштво не е Toyota, која денеска официјално потврди дека останува дел од А сегментот.

Јапонскиот бренд најави дека ќе ја искористи GA-B платформата (Yaris, Yaris Cross) за трет модел и тоа поставен на позицијата на актуелниот Aygo.

Засега нема потврда дали автомобилот ќе го задржи истото име со новата генерација, но најважно е што купувачите ќе имаат опција да изберат и нешто помал и подостапен автомобил од Yaris.

Производството и натаму останува во фабриката во Колин (Чешка), која Toyota во иднина ќе ја користи самостојно.

Денеска, Toyota информираше дека нов претседател и CEO на европскиот оддел ќе биде Мет Херисон, кој го наследува досегашниот предводник Јохан ван Зил.

Повеќе содржини за Toyota:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider