Slider

Новитети

Toyota претстави Black Edition изведба на RAV4 Hybrid

Slider

Инспиративната Black Edition е соодветна одбележана и во кокпитот и кабината, па возачот и патниците на Toyota експресно ќе се уверат дека се наоѓаат во еден специјален RAV4 Hybrid

31/07/2020

Одличните резултати на новата генерација на Toyota RAV4 Hybrid е инспирација за јапонскиот производител да им овозможи на одреден број купувачи да стигнат до специфичната Black Edition изведба.

Името открива многу за оваа изведба на хибридниот SUV, а специјалната „Midnight Black“ боја на екстериерот е искористена и на многу елементи, вклучувајќи ги спојлерот, ретровизорите и тркалата.

Инспиративната Black Edition е соодветна одбележана и во кокпитот и кабината, па возачот и патниците на Toyota експресно ќе се уверат дека се наоѓаат во еден специјален RAV4 Hybrid.

Овој SUV ќе добие и многу опрема, меѓу кои и камера со опсег од 360 степени, JBL аудио систем, дигитален внатрешен ретровизор за следење на ситуацијата зад автомобилот со помош на камера, безжично полнење на телефон, како и поврзување преку Android Auto и Apple CarPlay.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider