Slide

Новитети

Toyota го претстави bZ – концепт за компактен кросовер, кој ќе биде позициониран под bZ4X

Slide

"Ние сме на самиот почеток во имплементирањето на нашата стратегија Beyond Zero", изјави Дејвид Крајст, бренд директорот на Toyota.

18/11/2022

Непосредно пред саемот на автомобили во Лос Анџелес, Toyota го претстави конпцетот bZ. Концептот е сличен во изгледот со електричниот bZ4X, a неговите димензии се прилично идентични со оние на компактниот кросовер Toyota Corolla Cross. Димензиите на bZ4X, пак, се слични на поголемиот пандан со мотор со внатрешно согорување, бестселерот RAV4.

Претходна верзија на концептот беше една од 16-те модели кои минатата година беа претставени од страна на Акио Тојода, извршниот директор на Toyota. Продукцискиот модел веројатно ќе биде именуван како bZ3X.

“Ние сме на самиот почеток во имплементирањето на нашата стратегија Beyond Zero”, изјави Дејвид Крајст, бренд директорот на Toyota.

“Преку иновативниот дизајн во комбинација со интуитивни технолошки функционалности кои досега не биле дел од моделите на Toyota, концептот bZ ни најавува нова визија за блиската иднина во која ќе доминираат електричните автомобили”, додаде тој.

Според Toyota, моделот бил дизајниран со пристап на чист дизајн, чија цел било да се нагласи она што е специјално кај електричните возила, а во исто време да се потенцира дека тие се забавни за возење.

Силуетата на концептот е креирана земајќи ја предвид аеродинамиката и возните перформанси, а дизајнот презема сегменти од bZ4X.

Во кабината седиштата се направени од рециклирани материјали, додека инфотјнемнт системот има гласовни команди. Амбиентот во внатрешноста го надополнуваат светлосни елементи кои реагираат на командите на патниците.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели