Slider

Новитети

Toyota претстави кросовер изведба на бестселерот Corolla

Slider

Corolla Cross е целосен новитет во гамата на јапонскиот бренд, кој реши да ги комбинира квалитетите на успешниот компакт со SUV силуета, што според актулните трендови може да биде само позитивен чекор

09/07/2020

Toyota ја прошири понудата за глобално најпродаваниот модел Corolla и во иднина тој ќе биде достапен во кросовер издание.

Corolla Cross е целосен новитет во гамата на јапонскиот бренд, кој реши да ги комбинира квалитетите на успешниот компакт со SUV силуета, што според актулните трендови може да биде само позитивен чекор.

Премиерата на Corolla Cross е одржана во Тајланд, бидејќи оваа азиска земја е прва во која ќе се продава моделот, но Toyota не крие дека наскоро понудата ќе биде проширена и на други пазари на повеќе континенти.

Кросоверот е долг 4,46 метри, широк 1,82 метри, а доаѓа со меѓуоскино растојание од 2.640 милиметри што е гаранција за солиден комфор на задната клупа и багажен простор од 487 литри (440 литри со резервно тркало).

Иако Toyota веќе го има C-HR во својата понуда, Corolla Cross има поинаква целна група и купувачи кои повеќе ќе ги ценат практичноста и функционалноста, вклучувајќи го и веќе споменатиот багажен простор.

Toyota Corolla Cross ќе биде достапна со бензински мотор со 140 коњски сили, односно како самополнечки хибрид со вкупна моќност од 122 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider