Slide 1

Вести

Toyota Prius нема да добие електричен погон

Slide 1

Oчигледно Prius нема да биде едноставно трансформиран во електро-мобил, односно барем на почетокот останува да ги освојува купувачите како хибрид и плаг-ин хибрид

18/12/2019

Јапонска Toyota доминира во продажбата на хибридни автомобили на глобално ниво, а приказната започна со сега веќе легендарниот Prius кој и денеска ужива голема популарност во многу земји.

Процесот на електрификација донесе императив за најава на електрични автомобили и од страна на Toyota, па наредните години тие ќе бидат дел од гамата на јапонскиот бренд.

Но, очигледно Prius нема да биде едноставно трансформиран во електро-мобил, односно барем на почетокот останува да ги освојува купувачите како хибрид и плаг-ин хибрид.

– Се уште нема конечна одлука, но не очекувам Prius да добие електричен погон. Овој модел е пионер, хибридната технологија е таму каде што е поради него, тој и натаму може да биде пионер со нова технологија, но не верувам дека ќе биде целосно електричен автомобил, – вели Мет Харисон, потпретседател на Toyota Europe за „Аутокар“.

Prius досега е продаден во над 6 милиони примероци во речиси 100 земји во светот.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla