Slider

Вести

Toyota продаде 10 милиони примероци на SUV гордоста RAV4

Slider

Минатата година, Toyota продала најмногу примероци на RAV4 во Соединетите Американски Држави (535.000), додека во Европа завршиле 133.000 претставници на овој модел

10/04/2020

Петтата генерација на Toyota RAV4 го внесе популарниот SUV меѓу моделите на јапонскиот производител кои ја надминале бројката од 10 милиони продадени примероци.

Ваквата привилегија RAV4 ја заслужи со својата револуционерна појава во 1994 година, кога индиректно го формираше сегментот на компактни SUV модели кој денеска ужива голема популарност во глобални рамки.

Toyota потврди дека уште на крајот на февруари е надмината бројката од 10 милиони произведени примероци, а годинава и покрај актуелната криза, RAV4 сигурно ќе се избори за респектабилни бројки, во кои ќе бидат вклучени и примероците со плаг-ин хибрид погон кои дебитираат.

Минатата година, Toyota продала најмногу примероци на RAV4 во Соединетите Американски Држави (535.000), додека во Европа завршиле 133.000 претставници на овој модел.

Европската продажба на RAV4 од 1994 година наваму надминува 2 милиони примероци, a минатата година биле продадени рекордни 133.184 примероци на оваа Toyota.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider