Slide 1

Стории

Toyota RAV4 со најголема длабочина на багажникот во SUV сегментот

Slide 1

20/04/2021

Актуелниот SUV тренд ги натера производителите да размислуваат на секој аспект од автомобилот, овозможувајќи универзални вредности, во кои предност добиваат комфорот, просторноста во кабината, но и функционалноста.

Купувачите сакаат да добијат повеќе за своите пари, па дел од карактеристиките можат да бидат одлучувачки и да го надминат значењето на дизајнот или погонската единица.

Француски „Auto Plus“ направи споредба на компактните SUV модели во однос на длабочината на багажниот простор, односно должината на корисната подлога која се добива при спуштање на задната клупа.

Да, ова е ситуација која нема да се користи често, но во случај кога треба да се пренесе поголем предмет, возачот ќе биде многу задоволен ако знае дека истиот ќе може да се вклопи во карго просторот и без проблеми да биде транспортиран.

Едноставното мерење на должината на просторот од работ на багажникот до возачкото и совозачкото седиште во нормална позиција, откри дека најмногу простор се добива кај Toyota RAV4.

SUV гордоста на јапонскиот бренд овозможува пренесување предмет долг до 182 сантиметри, а зад него се најдоа Honda CR-V и Ford Kuga.

Топ 20 SUV модели со најголема длабочина на багажникот:
1. Toyota RAV4 182 см
2. Honda CR-V 180 см
3. Ford Kuga 177 см
3. Renault Arkana 177 см
5. MG EHS 176 см
6. Hyundai Tucson 175 см
7. VW Tiguan 174 см
8. Citroen C5 Aircross 171 см
8. Mazda CX-5 171 см
8. Mitsubishi Eclipse Cross 171 см
11. Volvo XC40 170 см
12. Audi Q3 169 см
12. Skoda Karoq 169 см
14. BMW X1 167 см
14. Kia Sportage 167 см
16. Dacia Duster 166 см
16. Peugeot 3008 166 см
18. Cupra Formentor 165 см
18. Opel Grandland X 165 см
20. SsangYong Korando 164 см

Повеќе содржини за SUV модели:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla