Вести
Toyota трета година по ред е најголем автомобилски производител во светот
Toyota продаде 10.5 милиони возила во 2022 година, заджувајќи ја титулата како најдобар автомобилски производител која ја има од 2020 година.
Изминатата година е трета послеводателна која јапонскиот автомобилски гигант ја завршува на првата позиција според бројот на продадени автомобили.
Имено, Toyota продаде 10.5 милиони возила во 2022 година, заджувајќи ја титулата како најдобар автомобилски производител која ја има од 2020 година.
Глобалните продажби на групацијата, во која покрај брендовите Toyota и Lexus, се вклучени и прозводителот на камиони Hino Motors, како и Daihatsu, споредено со претходната година се намалени за само 0.1%, благодарение на извезените 8.6 милиони возила, кои беа доволни да се надомести падот на домашната продажба, која во 2022 година изнесуваше 1.9 милиони возила.
Второрангираниот ривал, Volkswagen Group, забележа продажба од 8.3 милиони возила. И двете групации не беа имуни на предизвиците поврзани со достапноста на полупроводници, како и војната во Украина.
Toyota пред два месеца направи ревизија на своите производствени планови за тековната година, при што го намали предвидениот аутпут од 9.7 милиони на 9.2 милиони возила за целата 2023 година.