Slide 1

Вести

Трендовската Opel Mokka дебитираше на македонска сцена

Slide 1

17/06/2021

Втората генерација на Opel Mokka го трансформираше кросоверот во автомобил кој е поставен во рамките на трендовските постулати во однос на дизајнот и технолошките иновации кои ги наметнува индустријата од повеќе аспекти.

Mokka импресионира со модерната интерпретација на „Opel Vizor“ маската на предниот дел, која привлекува погледи, а истовремено влече инспирација од легендите на германскиот бренд од пред повеќе децении.

Единствено што загуби Mokka во однос на првата генерација е наставката „X“ во името, а сега многу позрелиот урбан SUV доживеа и македонска премиера и тоа во урбаниот „Casa Bar“, каде македонскиот импортер „Еуроимпекс“ организираше запознавање на специјализираните новинари со атрактивниот новитет.

Opel очекува уште поголем интерес за новата Mokka поради поголемиот број опции за персонализација, дигитализацијата на кокпитот, а во комбинација ќе биде и електричната изведба.

– Новата Mokka е забавна, ефикасна и иновативна. И со право го носи слоганот „Помалку нормално. Повеќе Mokka. Овој модел го комбинира елегантното и чистото визуелно искуство со моќната експресивност. Секој детаљ на новата Mokka е внимателно креиран и осмислен така да се допадне на потенцијалните клиенти уште по првиот поглед. Се надеваме дека овој модел ќе им се допадне на клиентите и дека ќе предизвика во нив емоции кои дизајнерските експерти ги предвиделе при креирањето на истиот“ – изјави Кирил Воиновски, Генерален директор во „Еуроимпекс“.

Доколку сте подготвени да искусите предизвикувачки, современ стил, кој возењето го издигнува на едно сосема ново ниво, обратете се кај овластените дилери, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“ – Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за Opel.

Повеќе содржини за Opel:

 

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla