Slide 1
Slide 1

Вести

Трет триумф за Land Rover: Defender ја доби наградата за најдобар дизајн на најпрестижниот глобален избор

Slide 1
Slide 1

21/04/2021

Land Rover Defender го доби признанието за најдобар дизајн во изборот за Светски автомобил на годината, во кој гласаа 93 новинари од 28 земји, продолжувајќи ја успешната традиција на брендот, но и воопшто на групацијата Jaguar Land Rover.

Легендарниот теренец доби нова генерација која ги задржа неговите препознатливи оф-роуд способности, додека истовремено импресионираше со начинот на кој го интерпретрира дизајнерскиот стил според модерните трендови.

Трите финалисти се избрани од жири од седум угледни дизајнери, меѓу кои и Иан Калам и Широ Накамура, а потоа новинарската фела го потврдува најдобриот во ова друштво, во кое годинава беа и Mazda MX-30 и Honda e.

– Новиот Defender е под влијание на минатото, но тоа не му носи никакви ограничувања и оваа награда е посебна чест. Нашата визија беше да создадеме Defender за 21. век поместувајќи ги границите на инженерингот, технологијата и дизајнот, додека истовремено ќе ја задржиме препознатливата ДНК и оф-роуд капацитетот. Резултатот е привлечен 4×4 автомобил кој формира емотивна врска со купувачите, – вели Гери МекКоверн, предводникот на дизајнерскиот тим на JLR.

Наградата на Defender е трета за најдобар дизајн на престижниот избор, по тие кои ги освоија Range Rover Velar во 2018 и Range Rover Evoque во 2012 година, а вкупно шеста за групацијата JLR. Модерниот теренец на Land Rover веќе има освоено над 50 признанија на угледни избори во целиот свет.

LR Defender е достапен со бензински и дизел мотори, но и како плаг-ин хибрид, а купувачите може да изберат меѓу изведбите 90 и 110.

Повеќе содржини за Land Rover:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“