Slide

Новитети

Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан

Slide

Од технички аспект, новиот Range Rover Sport е поставен на тековната MLA-Flex (Flexible Modular Longitudinal Architecture) платформа, која е 35 проценти поригидна од онаа на претходникот.

27/09/2022

На свечен настан пред десетина дена новата генерација на Range Rover Sport имаше премиера во нашата земја. 

Настанот се одржа во салонот на Jaguar Land Rover во Скопје, во присуство на избрани гости, соработници на компанијата и тековни клиенти на брендот.

Организаторите за време на настанот посветија главен фокус на презентација на промотивното видео снимено во Исланд, во кое новиот Range Rover Sport минува спроти огромно количество вода низ каналот на една од најголемите брани во земјата.

Од технички аспект, новиот Range Rover Sport е поставен на тековната MLA-Flex (Flexible Modular Longitudinal Architecture) платформа, која е 35 проценти поригидна од онаа на претходникот. Ова е предуслов за најавените подобрени спортски возни својства.

Во однос на возната динамика, огромно влијание има можноста за управување на задната оска, чии тркала може да се ротираат до агол од 7.3 степени. Тоа овозможува намален круг на вртење при мали брзини.

Што се однесува од погонот на сите тркала, Land Rover дополнително го разви iAWD системот со нов офроуд адаптивен темпомат, кој ја контролира брзината во четири различни режими на возење. Кога е вклучен овој офроуд адаптивен темпомат, единствена обврска на возачот е да управува со воланот.

Овој систем за првпат се користи во било кој модел на Land Rover, а е сличен на “Crawl Control” системот на Toyota.

Ентериерот на Range Rover Sport има елегантен и ненападен дизајн. Голем дел од контролите како оние за вентилацијата и централниот екран се преземени од големиот Range Rover. Патниците на задната клупа имаат 31 милиметар повеќе простор за нозете споредено со претходниот модел.

Новите предни седишта имаат голем број на комбинации за нивно поместување, вградена вентилација и можност за масажа.

13.1-инчниот централен монитор може да се персонализира според желбите на возачот. Инструментите се комплетно дигитални и може да се конфигурираат индивидуално. За гласовните команди се користи Amazon Alexa, без потреба од претходно поврзување на мобилен телефон.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа