Slider

Стории

Третина од британските возачи им се обраќаат со имиња на своите автомобили

Slider

Сепак, дел од Британците одат подалеку од симпатичното именување, па 10% од нив изјавиле дека го сакаат автомобилот повеќе од својот партнер, а една седмина истакнале дека ја наследиле љубовта кон автомобилите од родител

21/05/2020

Речиси една третина, односно 32 проценти од британските возачи признале дека им даваат и им се обраќаат со име на своите автомобили, откри истражувањето направено од британското претставништво на Škoda.

Анкетата била направена со примерок од 2.000 возачи, покажало дека една четвртина од возачите им дале имиња на повеќе автомобили во својата „возачка кариера“, а била направена база од 450 различни имиња кои се употребувани во реалноста.

Најчесто се употребуваат вообичаени женски имиња како Бети, Дејзи, Рози и слично, дел од возачите им се обраќаат на своите автомобили и со имиња на славни личности како Бијонсе, Елвис Присли или Харисон Форд, но има и такви кои употребувале термини како Зоро или кечап.

Најголем дел (29 проценти) се изјасниле дека го именувале својот автомобил затоа што тоа им овозможува да „комуницираат“ со него истакнувајќи го британскиот смисол за хумор, останатите сметале дека нивните автомобили асоцираат на тоа име или пак решиле да ги именуваат според некој важен член на фамилијата.

Сепак, дел од Британците одат подалеку од симпатичното именување, па 10% од нив изјавиле дека го сакаат автомобилот повеќе од својот партнер, а една седмина истакнале дека ја наследиле љубовта кон автомобилите од родител.

– Именувањето на автомобилот е само еден начин да ја демонстрираме врската која ја имаме со нив. Од друга страна, Škoda го има и интелигентниот асистент Laura, кој може да извршува многу функции на барање на возачот, – потенцираат од чешкиот производител.

Имајќи ја предвид популарноста на брендот во Велика Британија, нема да биде изненадување ако Laura од виртуелен асистент стане и најчесто употребувано име за автомобилите во кралството.

Повеќе содржини за Škoda

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider