Slide

Вести

Турција претстави SUV и седан концепти како најава за новиот домашен бренд TOGG

Slide

Производителот чие целосно име е „Türkiye’nin Otomobili Girişim Grubu“ ги најави првите модели, а посебно внимание предизвика атрактивниот кросовер на електричен погон

28/12/2019

Крајот на календарската година донесе интересна промоција од Турција, каде лично претседателот Реџеп Таип Ердоган ги претстави првите турски автомобили (кросовер и седан) кои се потпишани од новиот бренд TOGG.

Производителот чие целосно име е „Türkiye’nin Otomobili Girişim Grubu“ ги најави првите модели, а посебно внимание предизвика атрактивниот кросовер на електричен погон.

Најавите се дека се работи за технолошки напреден автомобил кој ќе биде продаван по достапна цена, за да ја оствари главната цел, да стане национален автомобил на Турција.

TOGG ќе произведува кросовер и седан од 2022 година, фабриката ќе биде изградена во Бурса и ќе има годишен капацитет од 175.000 примероци, а целата инвестиција ќе чини околу 3,3 милијарди евра.

Претставениот кросовер ќе биде достапен со еден електро-мотор поставен на задната оска или со конфигурација со два електро-мотора, при што на тој начин со погонот на четири тркала се добива и моќност од 400 коњски сили.

Купувачите ќе може да изберат и меѓу две батерии, при што автономијата ќе биде околу 300 или околу 500 километри.

Производителот TOGG најави дека до 2030 година ќе понуди пет различни модели, кои ќе добијат дигитализиран кокпит како во претставениот кросовер и високо ниво на автономно возење.

Покрај дизајнерското влијание на Pininfaria, TOGG ангажираше и искусни менаџери од индустријата.

Прв човек на компанијата е поранешен член на раководството на Bosch, Гинтер Каракаш, а COO функцијата ќе ја извршува Серхио Роча, кој имал висока функција во General Motors Korea.

togg-suv
togg-sedan

Exit full screenEnter Full screen

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск