Slider

Стории

TÜV извештај: Opel Insignia со најмалку дефекти меѓу моделите од средната класа

Slider

Седанот на германскиот бренд успеа да се наметне како најдоверлив модел во средната класа меѓу автомобилите кои не се постари од три години. Сопствениците на Insignia имале најмалку замерки од техничарите на TÜV, односно само 2,2 проценти од проверените примероци имале забелешка за состојбата на одреден елемент

09/11/2020

Германски TÜV и годинава го објави пресекот на податоци собрани од милиони технички прегледи кои се реализирани и во својот извештај за дефекти за 2021 година ги рангираше моделите според нивниот број на регистрирани дефекти.

Во периодот меѓу два извештаја, гигантот TÜV има реализирано над 9 милиони технички прегледи, при што биле забележани 0,4% на автомобили со големи дефекти, додека 19,9% од нив биле со значајни дефекти кои мора да се отстранат.

Извештајот покажува дека бројот на дефекти се намалил за 1,6% во однос на минатата година, што е позитивен знак за купувачите, кои можат да најдат модели со мал број дефекти и меѓу автомобилите постари од 6-7 години.

Производителите имаат свој придонес со постојано зголемување на квалитетот, а затоа го издвојуваме и успехот на Opel Insignia.

Со тоа Insignia успеа да ги потисне и премиум моделите и посебно Mercedes C-Class, кој обично доминираше во класата, а сега е зад претставникот на Opel со резултат 2,8%.

Резултатот на Opel Insignia е идентичен на Porsche 911 Carrera, модел кој обично доминира во сите старосни категории со најмал процент на детектирани дефекти при техничките прегледи.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider