Slide 1
Slide 1

Вести

Уникатна Jaguar авантура: I-Pace стана електрично такси на Нирбургринг

Slide 1
Slide 1

Зад воланот на I-Pace ќе седи професионален возач, кој на автентичен начин ќе ги совлада 73 свијоци на 20,8 километри долгиот дел од патеката Нирбургринг, кој отсекогаш бил вистински предизвик за фановите на спортските автомобили

15/10/2019

Jaguar стана прв автомобилски производител кој на располагање става електрично такси на секогаш предизвикувачката патека, Нирбургринг во Германија.

Сосема логично, се работи за Jaguar I-Pace, електричниот SUV со спортска генетика, кој на посетителите и фановите ќе им овозможи да ги почувствуваат предизвиците на „Зелениот пекол“, истовремено истакнувајќи ги своите моќни перформанси.

Зад воланот на I-Pace ќе седи професионален возач, кој на автентичен начин ќе ги совлада 73 свијоци на 20,8 километри долгиот дел од патеката Нирбургринг, кој отсекогаш бил вистински предизвик за фановите на спортските автомобили.

Електричното такси на Jaguar најавува уникатно доживување и запознавање со тајните на „Нордшлајфе“, а I-Pace уште еднаш ќе има можност да ги потврди своите возни карактеристики и перформансите за кои доволно зборува и фактот што за спринтот до 100 км/ч се потребни само 4,8 секунди.

Jaguar I-Pace беше прогласен за Европски и Светски автомобил за 2019 година, а располага со литиум-јон батерија со капацитет од 90 kWh и автономија од 470 километри.

На ентузијастите кои немаат можност да управуваат свој автомобил на оваа патека, им останува да подготват 149 евра за ова искуство, да го врзат појасот и да уживаат во највозбудливите осум минути кои ги минале како патници во еден автомобил. Заинтересираните можат да си резервираат термин на следниот линк.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање