Slider

Стории

Уникатниот Citroën Ami e духовен наследник на легендарниот 2CV

Slider

Citroën Ami е долг 2,4 метри и обезбедува 70 километри автономија со едно полнење на батеријата, а истата може да се наполни за 3 часа на обичен електричен приклучок. Почетната цена на Ami во Франција е 6.000 евра

22/09/2020

Појавувањето на првите примероци на автентичниот Citroën Ami низ улиците на француските градови претставува целосна реализација на еден иновативен концепт.

Мобилноста одамна не познава граници, но Ami не е обичен експеримент, туку алтернативно решение на четири тркала, кое може да се управува и без возачка дозвола (над 14 години) поради ограничената брзина на движење (45 км/ч).

Паралелно со електрифицирањето на целата гама, одговорните во Citroën со задоволство следат како се зголемува интересот за Ami, електричниот минимобил во кој има простор за двајца патници.

Според Венсан Коби, актуелниот CEO на Citroën, новиот Ami е духовен наследник на легендарниот 2CV.

– Јасно е дека Ami не е сличен на 2CV според изгледот и не е негов класичен наследник, но во себе го носи идентичниот дух на Citroën, – вели Коби, кој дополнува дека Ami e возило кое нуди уникатен одговор за проблемот со чиста, практична и достапна урбана мобилност.

Citroën Ami е долг 2,4 метри и обезбедува 75 километри автономија со едно полнење на батеријата, а истата може да се наполни за 3 часа на обичен електричен приклучок. Почетната цена на Ami во Франција е 6.000 евра.

Неговата комерцијализација се случува во периодот кога Citroën одбележува 30 години од крајот на производството на култниот 2CV, автомобилската икона која во различни изведби се произведуваше од 1948 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider