Slide

Вести

Успехот на Tesla Model Y во Европа создава главоболки за домашните автомобилски ривали

Slide

Сѐ поголем број на купувачи во Европа го избираат Tesla Model Y со што продажбите на овој SUV се триплираа и изнесуваат 125,144 за првите шест месеци од годината.

26/07/2023

Традиционалните автомобилски групации во Европа се соочуваат со непријатни вести во однос на успехот на американскиот производител Tesla, поточно искачувањето на моделот Model Y на врвот на табелата на најпродавани возила во Европа во првото полугодие од 2023.

SUV моделот на Tesla се продаде во повеќе примероци од Dacia Sandero и Volkswagen T-Roc, кои ги зазедоа втората и третата позиција.

Сепак, успехот на Tesla не е некое изненадување. Сепак, американскиот модел нуди премиум ентериер и подобри перформанси за иста цена споредено со дел од европските модели.

Сѐ поголем број на купувачи во Европа го избираат Tesla Model Y со што продажбите на овој SUV се триплираа и изнесуваат 125,144 за првите шест месеци од годината. 

Дел од причината за ова е и намалувањето на цената на моделите на Tesla.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа