Slider

Новитети

V10 моќ под отворено небо – Lamborghini Huracan Evo RWD Spyder

Slider

RWD Spyder изведбата им се приклучува на Evo Coupe, Evo Spyder и Evo RWD Coupe, со што ја заокружува понудата на овој модел, кој користи 5.2-литарски мотор со 610 коњски сили

07/05/2020

Рестартирањето на производството од страна на Lamborghini е придружено со премиерата на Huracan Evo RWD Spyder, уште еден атрактивен и моќен спортски автомобил кој ќе овозможи дополнителен избор за купувачите на италијанскиот бренд.

Huracan Evo RWD Spyder уште со своето име го најавува својот основен концепт, а тоа е автомобил со погон на задните тркала и подвижен покрив, во случајов мек покрив, кој се спушта за 17 секунди на брзини до 50 км/ч.

RWD Spyder изведбата им се приклучува на Evo Coupe, Evo Spyder и Evo RWD Coupe, со што ја заокружува понудата на овој модел, кој користи 5.2-литарски V10 мотор со 610 коњски сили.

Full screenExit full screen

Slider

Одредени елементи на екстериерот прават дистинкција меѓу оваа изведба со RWD погон со таа со погон со четири тркала, а од Lamborghini велат дека „отворената“ изведба тежи само 120 килограми повеќе и забрзувањето до 100 км/ч трае 3,5 секунди или 0,2 секунди подолго од купе изведбата со RWD погон.

Lamborghini Huracan Evo RWD Spyder на централниот гребен ќе добие 8,4-инчен екран, преку него ќе се контролираат сите функции, а овозможена е комуникација со Apple CarPlay и Amazon Alexa, за разлика од Android Auto кој останува недостапен за купувачите на овој автомобил.

Дистрибуцијата на тежината е во однос 40/60 во корист на задната оска, а во стандардната опрема се вклучени 19-инчни тркала.

Основната цена на Huracan Evo RWD Spyder е 214.522 евра.

Повеќе содржини за спортски автомобили

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider