Slider

Новитети

V8 традиција: Land Rover го промовираше најмоќниот Defender со 525 кс

Slider

25/02/2021

Успешната приказна на новата генерација на Land Rover Defender продолжува и во 2021 година, а британскиот производител реши да ја продолжи и V8 традицијата, вметнувајќи ја досега најмоќната варијација на легендарниот теренец.

Погонската единица на V8 изведбата подразбира моќност од 525 коњски сили и очекуваниот погон на четири тркала, а Land Rover се погрижил да ги адаптира трансмисијата и суспензијата на перформансите и потенцијалот кој го има овој Defender.

V8 Defender добива вртежен момент од 625 Nm, забрзува до 100 км/ч за 5,2 секунди, а моторот соработува со осум-степена автоматска трансмисија.

Фановите на Defender во иднина ќе можат да се одлучат и за специјалните серии Carpathian Edition и XS Edition, при што со секоја од нив се добиваат специфични елементи кои ќе ги издвојуваат овие примероци од класичната понуда.

Во иднина кај Defender ќе може да се порача поголем, 11,4-инчен централен екран за Pivi Pro инфо-забавниот систем, додека безжичното полнење на телефон станува дел од сериската опрема.

Покрај перформансите, теренските способности и технологиите, од Land Rover Defender со V8 мотор може да се очекува и специфичен „саундтрак“ од моторот.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider