Новитети

Vantage Roadster носи силна доза емоции под отворено небо

Импресивните перформанси на Vantage ќе бидат надополнети со авантуристичките предиспозиции на Roadster изведбата, кои ќе бидат овозможени со спуштањето на мекиот покрив, со што овој британски благородник добива целосно нов карактер и приоритети

12/02/2020

Претстојната пролет ќе биде побогата за емоциите кои низ улиците ќе ги донесат престижните примероци на новиот Aston Martin Vantage Roadster, или роудстер изведбата на и онака атрактивниот Vantage.

Импресивните перформанси на Vantage ќе бидат надополнети со авантуристичките предиспозиции на Roadster изведбата, кои ќе бидат овозможени со спуштањето на мекиот покрив, со што овој британски благородник добива целосно нов карактер и приоритети.

Aston Martin потенцира дека и покрај специјалната заштитна конструкција кај роудстерот, тој ќе биде потежок за само 60 килограми, а покривот ќе се спушта за 6,7 секунди на брзини до 50 км/ч.

Во сите други важни карактерни особини, Vantage Roadster ги презема потврдените квалитети на Coupe изведбата, што значи 4.0-литарски V8 мотор со 510 коњски сили и вртежен момент од 685 Nm, инаку производ на инженерите на AMG.

Производителот потенцира дека се направени многу адаптации и калибрации на најважните елементи за Vantage Roadster да ги исполни очекувањата на купувачите, а „отворената“ верзија доаѓа со капацитет на багажникот од 200 литри.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider