Slide

Вести

Видео на Tesla од 2016 година, во кое се промовира автономното управување на Model X, сепак било режирано

Slide

За да го креираат видеото, вработените во тесла Tesla користеле 3D мапирање на однапред дефинираната рута од една куќа во Менло Парк во Калифорнија, па сѐ до тогашното седиште на Tesla во Пало Алто.

23/01/2023

Видеото, снимено во 2016 година, кое Илон Маск го споделил на Twitter со опис “Tesla вози самата”, сега е предмет на судски спор.

Имено, видеото кое било искористено од Tesla за промовирање на нивната технологија на автономно управување, сепак било режирано, со цел да прикаже поуспешно сопирање на автомобилот на црвено светло и забрзување штом зеленото светло се запали.

Но, сепак, според сведочењето на инженер на висока позиција во Tesla во тој период, автомобилот сепак, ги немал тие можности во таа 2016 година.

Примерокот на Model X, кој е вклучен во видеото, сепак не управувал самостојно со технологијата на Tesla, изјави Ашок Елусвами, тогашен директор на дивизијата задолжена за развој на “Аutopilot” функционалноста. Изјавата е дадена за време на сведочење за време на судски спор поврзан со сообраќајна незгода во којa загина инжинер на Apple.

За време нa сведочењето на Елусвами, за првпат имаме можност да добиеме информации за тоа како било продуцирано тоа видео.

За потсетување, видеото беше емитувано со следното објаснување: “Лицето на возачкото седиште е таму само заради законската регулатива. Тој не прави ништо, Автомобилот вози самостојно”.

За да го креираат видеото, вработените во тесла Tesla користеле 3D мапирање на однапред дефинираната рута од една куќа во Менло Парк во Калифорнија, па сѐ до тогашното седиште на Tesla во Пало Алто.

Но, според сведочењето на инженерот на Tesla, возачот зад управувачот повеќепати интервенирал и ја преземал контролата над воланот. Потоа, кога се обиделе да прикажат како Model X може самостојно да паркира, тест возилото удрило во ограда на паркингот.

Целта, според Елусвами, не била да се прикаже што возилата можат да направат во таа 2016 година, туку да најават што сѐ е можно со технологијата која ја развиваат.

Но, сепак, според адвокатите на семејството на загинатиот инженер на Apple, видеото ги наведува гледачите на погрешни впечатоци, без никакво објаснување.

Очигледно е дека додека останатите автомобилски производители се многу внимателни во комуницирање на можностите на нивните системи во однос на автономното управување, извршниот директор на Tesla, прилично слободно ги интерпретира можностите на своите автомобили, и е доста слободен во своите проекции во однос на тоа кога автомобилите на Tesla ќе станат комплетно автономни во однос на управувањето.

Само за споредба, интересна и дијаметрално спротивна е проекцијата на извршниот директор на Uber, во однос на воведувањето на автономното управување.

Uber е компанија која тесно соработува со повеќе автомобилски производители, во однос на креирање на специјално адаптирани модели за потребите на нивната флота.

Имено, кога пред еден месец во интервју за Wall Street Journal тој беше запрашан за проценка кога може да очекуваме барем 20% од автомобилите во нивната флота да имаат можност за автономно управување, по кусо размислување рече: “12 до 15 години од сега”, но кратко потоа се поправи и додаде: “сепак, 15 до 20 години е реално очекување”.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели