Slide

Вести

Видео разгледница од Маранело: Ferrari покажа како го произведува SF90 Stradale

Slide

SF90 Stradale располага со 4.0-литарски V8 мотор и три електро-мотори за вкупна моќност од 986 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm, a спринтот до 100 км/ч трае помалку од 3 секунди

26/01/2020

Моделот SF90 Stradale има посебно значење за Ferrari, легендарниот бренд кој го испорача не само својот прв плаг-ин хибрид, туку и најмоќниот автомобил кој досега го произведувал во Маранело.

SF90 Stradale располага со 4.0-литарски V8 мотор и три електро-мотори за вкупна моќност од 986 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm, a спринтот до 100 км/ч трае помалку од 3 секунди. Електричната автономија од 25 километри е овозможена со присуство на батерија со капацитет од 7,9 kWh.

Тоа е само дел од уникатниот и импресивен концепт за овој спортски автомобил, а Ferrari реши да испорача подарок за своите фанови, објавувајќи видео од дел од процесот на производство на SF90 Stradale.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди