Slider

Вести

Виртуелен продажен салон – Безбеден влез во светот на Volvo

Slider

Во виртуелната реланост е вклученa целата XC гама, како и S60, V60CC и V90CC. Покрај тоа што може визуeлно да го видите секој детаљ на автомобилот, низ него може да видите и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која ја гледате

25/04/2020

Македонското претставништво на Volvo Cars им овозможи на потенцијалните купувачи виртуелна посета на продажниот салон, со што уште еднаш го истакнува елементот безбедност, кој е заштитен знак на брендот Volvo.

Во ситуација кога се преземаат посебни мерки за потполна заштита од коронавирусот, клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo автомобил, можат да направат обиколка на салонот, а притоа да бидат комплетно безбедни.

Со оглед на ситуацијата која ја поминуваме во изминатиов период, ваквиот тип на претставување на автомобилите е и повеќе од добредојден. Оваа актуелност, веќе е применета од страна на големи светски брендови, а отсега е достапна и кај нас.

Со пристапување на веб страната, клиентите ќе можат да направат избор на повеќе модели од актуелната гама на Volvo. Во виртуелната реланост е вклучена целата XC гама, како и S60, V60CC и V90CC. Покрај тоа што може визуелно да го видите секој детаљ на автомобилот, низ него може да видите и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која ја гледате.

До овој салон може да пристапите кога сакате и од каде сакате. Истиот е достапен 24 часа за клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo автомобил.

Се што треба да направите, е да ја посетите веб страната www.volvocars.mk, односно директниот ЛИНК за виртуелниот продажен салон.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider