Skip to content

Вести

Vision Gran Turismo Coupé e виртуелно електрично возило од Jaguar

Jaguar Vision GT ќе биде достапна на играчите на Gran Turismo Sport на Sony PlayStation 4 кон крајот на ноември.

25/10/2019

Инспириран од тркачкиот I-TYPE4 кој се натпреварува во Formula E шампионатот и eTROPHY моделите, британскиот бренд креираше електричен концепт кој од 0 до 100km/h забрзува за помалку од 2 секунди.

Сепак, Jaguar Vision Gran Turismo Coupé e виртуелен автомобил, односно ќе можете да се вози само преку Sony PlayStation 4.

Овој концепт не заинтересира бидејќи покажува како дизајнерите на Jaguar ја замислуваат електричната иднина, со оглед на тоа што тие во овој случај немаа технички ограничувања во реализација на нивните идеи.

Младите дизајнери кои биле задолжени со овој проект, успеале визуелно да рефлектираат елементи преземени од иконите на Jaguar – победничките C-type и D-type, кои во средината на минатиот век неколку пати триумфираа во Le Mans натпреварувањето.

Сепак, од Jaguar биле дарежливи кон своите фанови, па на гејмерите им подаруваат 1.020КС и вртежен момент од дури 1.200Nm и максимална брзина од над 320km/h.

Jaguar Vision GT Coupé ќе биде достапна на играчите на Gran Turismo Sport на Sony PlayStation 4 кон крајот на ноември.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend