Slide
Slide

Вести

Владата планира задолжителен ЕУРО 5 стандард за увоз и субвенции за хибриди

Slide
Slide

27/01/2021

Минатата 2020 година во Македонија се увезени 23.880 користени автомобили, што е намалување во однос на претходната година, но веројатно само поради комплираниот пандемиски период кај нас и во цела Европа.

Просечната возраст на возниот парк останува околу 19 години, а на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“, министерот за економија, Крешник Бектеши најавил дека оваа година може да има поместувања околу условите за увоз, што може да придонесе за менување на сликата на подолг рок.

Како што пренесуваат поголем број македонски медиуми, Бектеши најавил дека македонската влада сака да го ограничи увозот на патнички автомобили од оние кои ја исполнуваат ЕУРО 5 нормата.

Тоа значи дека во иднина би се увезале само автомобили со исполнета ЕУРО 5 и ЕУРО 6 норма или автомобили стара најмногу една деценија, a посебна важна разлика е што дизел изведбите задолжително доаѓаат со вграден филтер за тврди честички.

Истовремено, Бектеши најавил дека покрај субвенциите за вградување плински уреди во автомобилите, планира да иницира субвенции за купување хибридни автомобили.

Останува да видиме дали најавите ќе бидат реализирани, бидејќи со воведувањето на новиот данок за моторни возила, најголемиот негативен ефект се почувствува кај сите видови хибриди, чија цена е повисока во однос на периодот кога беа изземени од плаќање акциза.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс