Slide

Новитети

Во новиот Opel Grandland дебитира термална камера која препознава луѓе и животни според нивната температура

Slide

По дебито во Insignia, напредните LED Matrix светла ќе бидат дел од понудата и кај новиот Grandland. Системот именуван како "IntelliLux LED Pixel Light" всушност се состои од 168 LED елементи (по 84 во левото и десното светло). Opel Grandland Hybrid4 (2021)

25/08/2021

Четири години по лансирањето и 300.000 продадени примероци, во фабриката во Ајзенах во Германија веќе се произведува фејслифт верзијата на Opel Grandland, која треба да пристигне во продажните салони до крајот на годината.

PSA групацијата уште пред три години реши да го пресели производството на Grandland X од фабриката во Сошо во Источна Франција, во фабриката на Opel во Ајзенах, Германија. Промената беше дел од договорот на PSA со синдикатот на работниците на Opel.

Фејслифтот на Grandland го следи трендот на освежување на изгледот кое веќе беше спроведено кај помалите кросовери Crossland и Mokka.

Исто како и во случајот со Crossland, и најоглемиот SUV на Opel ќе продолжи без латиничната буква “икс” во името.

Во предниот надворешен изглед на Grandland доминира новиот “Vizor”. Тој е составен од помала решетка која се протега сè до новите опционални LED Matrix светла. Целиот елемент е обложен со хромирана рамка, a под Vizor-от е поставен уште еден тенок отвор за воздух. 

По дебито во Insignia, напредните LED Matrix светла ќе бидат дел од понудата и кај новиот Grandland. Системот именуван како “IntelliLux LED Pixel Light” всушност се состои од 168 LED елементи (по 84 во левото и десното светло). Opel ги именува светлата како интелигентни, поради можноста за автоматско адаптирање на светлосниот сноп во зависност од условите на патот, со што се избегнува ефектот на заслепување на возилата кои наидуваат од спротивната насока. Карактеристичниот Opel изглед го надополнуваат интегрираните LED дневни светла.

Уште една новина е “Night Vision” системот кој преку инфрацрвена термална камера го скенира патот на растојание до 100 метри пред возилото. Grandland е првиот модел на Opel во кој дебитира оваа технологија за која купувачите ќе треба да доплатат околу 1.000 евра. Термалната камера во темница препознава луѓе и животни на патот врз основа на разликата на нивната температура и температурата на околината. Штом термалната камера забележи пешак или животно на патот, ќе ја проектира неговата слика на екранот. Сепак, “Night Vision” опцијата ќе биде достапна само во Ultimate и Business Elegance пакетите.

Нов дигитален кокпит

Пакетите на Grandland со автоматска трансмисија вклучуваат и систем за предупредување од судир. Овој систем користи камера и радар и ги интегрира перформансите на неколку системи за асистенција при возењето: системите за детекција на пешаци, сообраќајни знаци и поспаност кај возачот, како и системот за автоматско сопирање.

Новиот Grandland има комплетно нов кокпит. Тука доминира дигиталниот “pure panel” концепт преземен од Mokka. Отсега возачите ќе ги следат информациите на дигитален дисплеј кој во поскапите пакети има дијагонала од 12 инчи. Во овие пакети е вклучен и 10-инчен централно позициониран екран осетлив на допир. Двата екрани заедно формираат оптичка целина, па двата екрани заедно изгледаат како еден огромен екран.

И покрај новиот дигитален интерфејс, сепак, од Opel одлучија да ги задржат физичките копчиња за контрола на клима уредот и уште неколку функции на инфотејнмент системот. Новиот систем овозможува поврзување на мобилен телефон преку Apple CarPlay или Android Auto, а патниците ќе можат безжично да ги полнат своите мобилни телефони. Преку онлајн конекција за која се користи специјална вградена SIM картичка, возачот ќе може да добива податоци за состојбата на патот. Сè уште немаме податоци дали оваа функционалност ќе биде достапна и во Македонија.

Два плаг-ин хибрида – еден со погон на сите тркала

Во понудата се вклучени разновидни комбинации на мотори, трансмисија и електромотори. Прва опција е 1.2 литарски турбо бензински мотор со три цилиндри, 130 КС и максимален вртежен момент од 230Nm, кој може да се комбинира со шестстепена мануелна или осумстепена автоматска трансмисија.

Достапен ќе биде и 1.5 литарски турбодизел со 130КС, но и максимален вртежен момент од 300Nm. Оваа опција ќе биде достапна само со осумстепената автоматска трансмисија. И двата мотори се со погон на предната оска.

Послабата од двете плаг-ин хибрид изведби ќе биде достапна само со погон на предните тркала. Таа комбинира 1.6 литарски четирицилиндерски бензински мотор со 180КС, кој е надополнет со електричен мотор со сила до 81kW/110КС и 8-степен автоматски менувач. Вкупната сила изнесува 165kW/224КС, а максималниот вртежен момент е 360Nm. 

Погон на сите тркала се добива само со Hybrid4 верзијата во која уште еден електричен мотор од 83kW ја придвижува задната оска. Севкупно, овој најмоќен Grandland има сила од 221kW/300KS и максимален вртежен момент од 520Nm. Тоа му овозможува забрзување од 0-100km/h за само 6.1 секунда и максимална брзина од 235km/h. Според WLTP стандардите, Grandland има електрична автономија помеѓу 55 и 65 километри.

Повеќе содржини за Opel:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба