Slide

Вести

Во првите 6 месеци VW Group доминира во масовните сегменти, а BMW Group во премиум класата

Slide

Победниците за брендот Volkswagen се T-Roc (мали SUV и купе/кабриолет), Golf (компактни), Tiguan (компактни SUV), Passat (средна класа) и Caddy (компактни ванови).

20/07/2023

Volkswagen Group ја заврши одлично првата половина од годинава, заземајќи го првото место во осум од вкупно десет клучни сегменти помеѓу масовните брендови.

Брендовите во рамки на VW Group кои спаѓаат во премиум сегментот, пак, заземаа четири први места во 11 премиум сегменти.

Само брендот Volkswagen зазеде седум први места, според извештаите за земјите во ЕУ плус Норвешка, Швајцарија и Велика Британија.

Победниците за брендот Volkswagen се T-Roc (мали SUV и купе/кабриолет), Golf (компактни), Tiguan (компактни SUV), Passat (средна класа) и Caddy (компактни ванови).

Сегментот на средни/големи SUV модели е предводен од Kodiaq, модел на сестринскиот бренд Skoda.

Во премиум класата, брендовите Audi и Porsche ги заземаат првите места во четрии категории, помеѓу кои компакти (Audi A3) и луксузни седани (Porsche Taycan).

Сепак, доминантна групација во премиум сегментите е BMW Group, со одлични 5 први места во првите шест месеци.

Само брендот BMW зазеде три од тие места: 3 Series (премиум средна класа), X5 (премиум големи SUV), како и XM кој го надмина Lamborghini Urus во сегментот на егзотични автомобили.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа