Slide 1

Новитети

Во салонот на Jeep во Скопје пристигнаa електрифицираните Compass, Renegade и Wrangler.

Slide 1

Комплетната раздвоеност помеѓу моторот и трансмисијата овозможува Wrangler 4xe да биде придвижуван само од електричниот погон и тоа со погон на сите тркала.

04/11/2021

JEEP COMPASS 4XE и JEEP RENEGADE 4ХЕ

Пернамбуко, Толука и Мелфи се три градови на три различни континенти, кои до неодамна имаа една заедничка специфика: производство на моделот Jeep Compass. Сепак, примероците кои се наменети за европскиот пазар веќе некое време се произведуваат во Италија, во фабриката на Fiat во Мелфи, што има и логика со оглед на тоа што моделот е базиран на архитектурата на Fiat 500 X. Во истата фабрика се произведува и моделот Renegade, a плаг-ин хибридните изведби на овие два модели oд неодамна пристигнаа и во салонот на Jeep во Скопје

Но, што се однесува до погонот на овие хибридни изведби, тие се конфигурирани на начин што електричниот погон ја придвижува задната оска и го дополнува 1.3-литарскиот турбо бензински мотор. Така, новите Compass 4хе и Renegade 4хе добиваат погон на сите четири тркала и системска сила од 190, односно 240 hp.

Овој хибриден погон овозможува електрична автономија од околу 50 километри. Ентузијастите, преку притискање на копче може да изберат помеѓу “electric”, “hybrid” или “safe-charge” режимите на возење. Последниот од нив овозможува поголема рекуперација на енергијата во батеријата која има бруто капацитет од 11.4 kWh и нето искористлив капацитет од 9.1 kWh.

Електричниот мотор ја пренесува силата од 250 Nm на задниот погон, а 240-те коњски сили се дополнителен аргумент за моќта на овие SUV модели. 180 hp доаѓаат од бензинскиот мотор, додека 60 hp (44 kW) од електричниот.

Посилниот од двата мотора е достапен со S или Trailhawk пакетите кои се навистина добро опремени.

Новите Compass 4xe и Renegade 4xe се опремени и со поголем број на системи за асистенција. Интелигентниот темпомат во комбинација со системот за одржување во коловозна линија овозможуваат второ ниво на полуавтономно возење.

Моделот Renegade доби освежен лик, а неговата коцкаста форма му дава предност пред конкурентите кои имаат купе изглед. Формата овозможува поголем простор на задната клупа за високи патници и попрактичен товарен простор каде е обезбедена посебна преграда за резервно тркало со стандардна големина.

Но, возачите на Renegade може да пристапат до офроуд карактеристиките на овој компактен SUV преку притискање на копче. Тие, на пример, може да изберат режим на возење низ песок или камења. Клиренсот од 21 сантиметар заедно со погонот на сите тркала, електронски контролираната дистрибуција на сила и “Hill Descent” системот ги дополнуваат офроуд способностите.

Овој плаг-ин хибрид, кој е тежок 1.9 тони станува забавен за управување во спортскиот режим кој ја исклучува контролата на тракцијата. 

JEEP WRANGLER

Jeep престана да ги продава бензинските изведби на Wrangler во Европа, па така Wrangler отсега се нуди само во плаг-ин хибрид изведби. Оваа промена го означи и крајот на изведбата со три врати, бидејќи PHEV технологијата не може да се инсталира во помалата изведба со три врати заради недостаток на простор. 

Новиот Jeep Wrangler, кој има електрична автономија од 53 километри, е четвртиот по ред плаг-ин хибрид модел на Jeep, по Jeep Grand Commander PHEV (се продава само во Кина) и моделите Compass и Renegade. Но, Wrangler не е последнот плаг-ин хибрид на брендот, кој најави електрификација на сите модели во гамата.

Со Jeep Wrangler 4xe инженерите на Jeep поминаа низ специјален развоен процес, бидејќи не смееше да се доведат во прашање максималните офроуд способности на Wrangler.

Заради тоа, технологијата која се користи во останатите модерни плаг-ин хибридни SUV модели (каде задната оска ја придвижува само електричниот мотор) не беше соодветна и доволно моќна опција за Wrangler. 

Тоа решение, кое се користи од страна на безмалку сите производители (како и кај Compass и Renegade) ги користи предностите на 4х4 погон, но не е доволно моќно како што е погонот на сите тркала со механичка врска на двете оски, која е неопходна во екстремни офроуд услови.

Заради постигнување на максимални офроуд способности, Jeep користи електрична единица интегрирана во главната трансмисија на Wrangler 4xe. Оваа единица помеѓу моторот и трансмисијата има две спојќи. Едната од нив се користи за одвојување на степенот на пренос од моторот. Втората спојка има улога на конвертор на вртежниот момент со варијабилна контрола при поврзувањето на трансмисијата со коленестото вратило, во зависност од притисокот.

Оваа комплетна раздвоеност помеѓу моторот и трансмисијата овозможува Wrangler 4xe да биде придвижуван само од електричниот погон и тоа со погон на сите тркала. 

Заради интеграцијата на електричниот мотор, менувачката кутија е малку подолга. Батеријата е лоцирана зад седиштата на задната клупа и има вкупен капацитет од 17.3 kWh. Достапни се податоците и за капацитетот на електричните мотори: 

Генераторот овозможува 46 kW и 20 kW континуирана сила, додека електромоторот интегриран во трансмисијата достигнува максимални 107 kW. Производителот специфицира максимален аутпут во континуирана сила од 47 kW. Максималната системска сила на Wrangler изнесува 280 kW/380 hp.

Како што е вообичаено со плаг-ин хибридите, Jeep Wrangler 4xe има неколку режими на возење. Стандардниот е “hybrid” режимот, кој ја користи силата од бензинскиот мотор и електричниот мотор, а може да се избере и комплетно електричен режим на возење. 

Третиот режим “Save” ја сочувува енергијата во батеријата или ја полни преку бензинскиот мотор при возењето. Втората опција може да се избере преку ново мени во Uconnect мултимедија системот. Може да се изберат и две нивоа на силата на рекуперацијата. WLTP електричната автономија изнесува 44 километри при комбинирано возење и 53 километри во градскиот циклус.

Заради конфигурацијата на електричниот погон во главната трансмисија, возможно е да се инсталираат различни варијанти на менувачки кутии. Заради тоа, Jeep Wrangler 4xe е достапен и како Rubicon изведба, која ја дополнува Sahara изведбата. Rubicon користи специјална менувачка кутија со 4:1 офроуд сооднос. Во комбинација со максималниот вртежен момент на електричниот погон, кој е достапен веднаш, оваа конфигурација ветува особено ефективно возење при тешки офроуд терени.

Од друга страна, не се очекува офроуд способностите на Jeep Wrangler 4xe да бидат инфериорни споредено со изведбите со мотори со внатрешно согорување. Заклучувањето на предниот и задниот диференцијал, подигнувањето на клиренсот и поголемите офроуд гуми – комплетниот сет на офроуд функционалности е достапен и за плаг-ин хибридот. 

Како резултат, пак, на водоотпорната композиција на електричните компоненти, максималната длабочина на вода низ која може да помине Wrangler изнесува 76 сантиметри.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental