Slide

Стории

Војната во Украина предизвика прекин на испораките на неон, што може да доведе до недостиг на чипови

Slide

Украина е извор за 70% од светскиот извоз на неон. Неонот е клучен гас за функционирањето на ласерите кои се користат при производството на чиповите.

11/03/2022

Токму кога автомобилската индустрија се надеваше дека се ближи крајот на недостигот на чипови, новонастанатата воена ситуација во Украина може да ја продлабочи кризата.

Имено, Украина е извор за 70% од светскиот извоз на неон. Неонот е клучен гас за функционирањето на ласерите кои се користат при производството на чиповите.

Во Русија и во Украина се наоѓаат најголемите наоѓалишта на клучните гасови и суровини кои се потребни за производство на полупроводници.

Помеѓу нив се и алуминиумот, неонот, никелот и паладиумот.

Интересно е што американските производители на чипови безмалку целосно се зависни од неон, кој досега се увезуваше од Русија.

Сега сѐ зависи од тоа колку ќе трае војната во Украина. Доколку конфликтот трае подолго, производителите ќе се најдат во ситуација да мора да бараат нови добавувачи.

Дополнителни компликации предизвикува фактот дека производството на неон во Украина дополнително зависи од Русија. Имено, гасот се добива како нус производ при производството на железо во Русија. Потоа тој гас се прочистува во Украина, која потоа го извезува кон многу земји во светот.

Доколку минатото е некој показател, можно е да се очекува зголемување на цените на овој гас. Кога во 2014 година Русија го анектираше полуостровот Крим, цената на неонот порасна за 6 пати. 

Но, неонот не е едиствениот производ чие производство може да биде отежнато поради конфликтот. 

Русија обезбедува една третина од светските залихи на паладиум. Паладиумот, исто така, се користи при производство на полупроводниците, и е клучен во процесот на каталитичките конвертори.

Помеѓу останатите суровини во регионот, застапени се алуминиумот, никелот и железото.

Војната во Украина веќе има значително влијание во автомобилската индустрија. Производството во Европа веќе е отежнато поради прекин во испораките на делови, особено во однос на електричните инсталации. Според аналитичарите, во регионот се наоѓаат фабрики на над десет добавувачи за електрични инсталации.

Од друга страна, зафатен е и пласманот во тој регион. Голем дел од автомобилските производители изјавија дека ги прекинуваат деловните активности во Русија. Помеѓу нив се и Ford, Honda, Toyota, Volkswagen, Jaguar, Aston Martin, Volvo, General Motors и Daimler Trucks. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели