Slide 1
Slide 1

Стории

Volkswagen е најиновативна групација во развојот на плаг-ин хибридите

Slide 1
Slide 1

30/03/2021

Германски Volkswagen го презема првото место во рангирањето на иновативноста поврзана со напредокот на плаг-ин хибридите.

Истражувањето на германски CAM покажа дека автомобилските групации од оваа земја доминираат кога се во прашањето иновациите и технолошкиот напредок, а во понудата на PHEV возила се вклучени 32 производители од целиот свет.

Volkswagen AG доминира не само во продажбата, туку и според индексот на иновации, во кој се вметнати 360 иновации пријавени меѓу 2012 и 2021 година.

Со напредните плаг-ин хибрид погони кои ги добија Audi A3 и Q8, но и кај моделите од другите брендови, групацијата Volkswagen се врати на првото место со индекс 88, по што следуваат BMW Group со 79 и Daimler со индекс 61.

BMW ја одржа предноста во однос на Daimler преку иновациите употребени кај 330e и X5 45e, додека Daimler може да унапредува преку поголемата ефикасност на PHEV погонот на B 250e.

По водечките германски групации, следуваат кинеските Geely и BYD, кои постојано инвестираат во иновативни технологии и се обидуваат да ја подобрат позицијата.

Напредокот во одонос на инвестициите се одразува и на продажните резултати, па во 2020 година, Volkswagen AG продал 195.000 плаг-ин хибрид примероци, а потоа следуваат BMW и Daimler со 148.000, односно 115.000 продадени примероци.

Најпопуларни модели се PHEV изведбите на VW Golf и Passat, Merceded GLC и E-Class, како и BMW 3 Series и X1.

Интересен е и ранкингот на групации со најмногу продадени плаг-ин хибриди во Германија од почетокот на 2021 година. Volkswagen во периодот јануари-февруари продал 8.400 PHEV примероци, следуваат Daimler со 8.500 и BMW со 8.100 примероци.

Во продолжение доаѓаат и Geely (3.300), Ford (2.400), Stellantis (2.100), Renault-Nissan-Mitsubishi (2.100) и Hyundai-Kia (2.100).

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови