Slide

Вести

Volkswagen ги објави деталите и цените за електричниот ID.3

Slide

На почетокот на оваа продажна етапа, најевтина варијација ќе биде ID.3 ProPerformance, изведбата која располага со моќност од 150 kW, a со 58 kWH батерија стигнува до автономија до 420 километри

14/07/2020

Продажбата на Volkswagen ID.3 официјално започнува на 20 јули, првите примероци ќе бидат испорачани во септември, а германскиот производител ги објави сите детали поврзани со комерцијализацијата на првиот свој модел поставен на MEB платформата.

На почетокот на оваа продажна етапа, најевтина варијација ќе биде ID.3 ProPerformance, изведбата која располага со моќност од 150 kW, a со 58 kWH батерија стигнува до автономија до 420 километри.

Овој автомобил кој во сериската опрема вклучува адаптивен темпомат, навигација и паметно поврзување во Германија ќе чини 35.574 евра, со напомена дека купувачите во оваа земја имаат на располагање субвенции од државата и производителот, кои стигнаа до 9.480 евра.

Купувачите ќе бираат меѓу седум конфигурации на опременоста, адаптирајќи се на сопствените приоритети, а трите највисоки нивоа на опременост може да бидат комбинирани и со поголема батерија (77 kWh), со што досегот со едно полнење стигнува до 550 километри.

Нешто подоцна, Volkswagen ќе го понуди електричниот ID.3 и во Pure изведба, која подразбира автономија до 330 километри, но и цена пониска од 30.000 евра.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан