Skip to content

Вести

Volkswagen ги објави првите официјални рендери за осмата генерација на Golf

10/10/2019

Премиерата на осмата генерација на Volkswagen Golf е закажана за 24. октомври, а германскиот бренд полека ги загрева големиот број фанови со информациите кои се објавуваат за Golf Mk8.

Откако индиректно беа најавени голем дел од техничко-технолошките детали за „осумката“, денеска Volkswagen официјално ги објави првите рендер фотографии за изгледот на новата генерација на Golf.

Традиционалната еволуција на бестселерот носи промени кои сепак ќе му дадат нов сјај на компактот, a тоа пред се го потврдува новиот дизајн на предните светла кои се издолжени и формираат хоризонтална линија по целиот преден дел.

– Новиот Golf ќе добие ниво на дигитализација и конективност како никогаш досега, а тие ќе бидат придружувани од спортски и динамичен дизајн, – велат од Volkswagen.

Промените во кок-питот го прават Golf нов трендсетер во класата, а централниот екран осетлив на допир ќе биде интегриран во иста хоризонтала со дигиталната инструмент табла. Малиот број на класични команди се очекувани, но интересно е решението за дополнителен панел на допир сместен лево од инструмент таблата.

Премиерата на осмата генерација на Golf ќе се одржи во Волфзбург, а дел од европските земји ќе ги добијат првите примероци уште во декември.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend