Slide

Новитети

Volkswagen ги официјализираше новите Golf GTI, GTD и плаг-ин хибридот GTE

Slide

27/02/2020

Непосредно пред саемската премиера во Женева, Volkswagen ги објави официјалните детали и први фотографии од новата генерација на GTI, GTD и GTE изведбите на својот бестселер Golf.

Осмата генерација на компактот веќе е во продажните салони со сите свои нови адути и дополнителни квалитети кои ги доби, а по неколку месеци на купувачите ќе им бидат достапни и поспортските изведби GTI и GTD, односно плаг-ин хибрид изведбата со ознака GTE, за кои се очекува да сочинуваат околу 15 проценти од продажбата на моделот.

Перформансите нема да ги разочараат фановите кои сакаат малку повеќе моќ од својот Golf, па легендарниот GTI доаѓа со 2.0-литарски турбо-бензински мотор со 245 коњски сили, додека неговиот дизел роднина GTD ќе располага со 200 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm.

Горд на овој елемент може да биде и GTE, бидејќи 1.4-литарскиот бензинец и електро-моторот обезбедуваат заеднички 245 коњски сили, или моќност еднаква на таа на GTI. Дополнително, со помош на енергијата која се складира во литиум-јон батерија, VW Golf GTE ќе може да понуди електрична автономија до 60 километри.

Претставници на Volkswagen најавуваат уште подобро возачко искуство и поголемо задоволство зад волан за идните купувачи на новите генерации на трите изведби, а ова посебно се однесува на легендарниот GTI кој за конзервативните фанови ќе биде достапен со 6-степен мануелен менувач, а може да се купи и со 7-степена трансмисија со двојна спојка.

Предниот дел на трите специјални изведби на VW Golf го истакнуваат спортскиот карактер на автомобилите, а покрај вообичаената хоризонтална лента (црвена за GTI, сина за GTE и сива за GTD), трите изведби добиваат и LED хоризонтална лента која е споена со дневните светла, како и магленки во X форма за уште повпечатлива појава.

Golf GTI, GTD и GTE во сериската опрема добиваат дигитална инструмент табла која може да се комбинира и со 10-инчен централен екран во таканаречениот Innovision Cockpit, напредни возачки и безбедносни системи, Car2X комуникација со други автомобили, LED светла, електронско заклучување на диференцијал и друго.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба