Slider

Новитети

Volkswagen ги претстави Variant и Alltrack изведбите на новиот Golf

Slider

Претставена е новата генерација на Golf Variant како попрактичен автомобил со поголем капацитет на багажникот, но во иднина Golf ќе биде достапен и како Alltrack, изведба која традиционално е кросовер меѓу комби и SUV изведбите

09/09/2020

Volkswagen продолжи со процесот на комплетирање на понудата на осмата генерација на Golf, а сега на ред дојдоа комби изведбите.

Претставена е новата генерација на Golf Variant како попрактичен автомобил со поголем капацитет на багажникот, а во иднина Golf ќе биде достапен и како Alltrack, изведба која традиционално е кросовер меѓу комби и SUV изведбите.

Golf Variant ќе биде долг 4,63 метри, обезбедува поголем простор за нозете на задната клупа, како и капацитет на багажникот кој сега започнува од 611 литри.

Ентериерот во најголема мера е преземен од класичниот Golf, што подразбира дигитална инструмент табла и централен екран од 8,25 инчи во сериската опрема.

Новата Alltrack изведба гарантира оф-роуд потенцијал со поголемиот клиренс и погонот на четири тркала, а поробустниот карактер ќе ги привлече купувачите кои не сакаат да се префрлат во SUV сегментот.

Германскиот бренд го истакнува и капацитетот за влечење приколка тешка до 2 тона на Golf Alltrack, а двете изведби ќе ги добијат бензинските и дизел моторите кои веќе се достапни кај класичниот Golf.

Тоа значи можност за повеќе бензински изведби, од кои дел и во вид на благ хибрид, како и 2.0-литарскиот турбо дизел со двојно дозирање на AdBlue.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider