Slide 1

Вести

Volkswagen го достави електричниот ID.3 до првите купувачи

Slide 1

Изминатиов викенд биле доделени клучевите на околу 40 купувачи во Волфзбург и на други локации во Германија, а тој процес започнува и во останатите земји каде традиционално постои голем интерес за електричните автомобили

14/09/2020

Првите примероци на електричниот Volkswagen ID.3 беа распоредени низ продажната мрежа на германскиот бренд во повеќе европски земји, а деновиве стигнаа и до првите купувачи.

Електричниот автомобил поставен на специјалната MEB платформа наскоро ќе биде честа појава низ европските улици, а приоритет при почетокот на распределување на произведните квоти имаат купувачите кои си резервираа ID.3 уште од почетокот на продажниот процес и станаа дел од First Movers клубот на Volkswagen.

Изминатиов викенд биле доделени клучевите на околу 40 купувачи во Волфзбург и на други локации во Германија, а тој процес започнува и во останатите земји каде традиционално постои голем интерес за електричните автомобили.

– Бев ентузијаст за ID.3 уште од неговата премиера. Се работи за автомобил со одлични возни карактеристики, привлечен дизајн и автомобил кој ја штити животната средина. Прекрасно е чувството да бидете меѓу првите кои ќе го вози ID.3 – изјавил Оливер Николаи, кој беше меѓу првите купувачи кои си заминаа дома со електричниот Volkswagen.

Специјалната ID.3 1st серија веќе е продадена во 25.000 примероци, од кои по 7.000 ќе бидат распределени во Германија и Холандија, а веднаш зад нив со интересот биле купувачите во Норвешка и Шведска.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla