Slider

Вести

Volkswagen го истакнува успехот на брендот Jetta во Кина

Slider

Од септември 2019 година, Jetta има испорачано 81.000 автомобили, а во својата понуда задржува еден седан и два SUV модела

22/05/2020

Германскиот производител Volkswagen не погреши што реши да го активира подбрендот Jetta на кинескиот пазар, а потврда за тоа се одличните резултати од почетокот на 2020 година.

Иако кинескиот пазар беше погоден од коронавирусот, интересот меѓу младите купувачи кои се главна целна група на Jetta, покажува дека моделите произведени локално ги исполнуваат очекувањата на возачите.

Само во април, Jetta има продажба од 13.500 примероци, што е пазарен удел од 1 процент на најголемиот светски пазар, а успеа да стигне до солиден резултат и во најпроблематичниот период, односно во првите месеци од годината.

Од септември 2019 година, Jetta има испорачано 81.000 автомобили, а во својата понуда задржува еден седан и два SUV модела.

Оптимизмот е потикнат и од фактот што минатиот месец беше промовиран моделот VS7, кој допрва ќе ги покаже реалните можности на кинескиот пазар, каде од претходно беа присутни VS5 и VA3.

Volkswagen истовремено ја задржува одличната позиција во сегментите поставени повисоко тие на Jetta, чија главна цел се возачите кои првпат купуваат нов автомобил и бараат достапни цени за таа инвестиција.

Jetta е првиот модел во историјата на Volkswagen кој прераснал во подбренд, а и покрај различната позиционираност, нејзините модели ги задржуваат основните вредности на матичниот бренд.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider