Slider

Новитети

Volkswagen го најави Mini-Camper како инспирација за нови авантури

Slider

Фиксниот панорамски кров со должина од 1,4 метри овозможува капење во сончевите зраци или набљудување на ѕвездите, а Volkswagen на располагање става и опции за затемнување на сите стаклени површини

30/07/2020

Volkswagen ќе ја прошири понудата со интересниот модел Mini-Camper, кој со оглед на основата, а тоа е новата генерација на Caddy, влегува во територијата на секторот за комерцијални возила.

VW Mini-Camper уште со своето име јасно навестува дека се работи за автомобил предвиден за возачи и семејства кои имаат претензии за спортски активност и авантуристички кампувања под отворено небо.

Модуларноста игра важна улога за ваквите возила, па Mini-Camper е подготвен да импресионира со леглото за двајца кое се собира, масичка и две столчиња и уште многу други додатоци кои купувачите ќе ги претворат во подготвени кампери.

Фиксниот панорамски кров со должина од 1,4 метри овозможува капење во сончевите зраци или набљудување на ѕвездите, а Volkswagen на располагање става и опции за затемнување на сите стаклени површини.

Mini-Camper располага со 19 модерни безбедносни системи и асистенти за возачот, а ќе му биде достапна и Travel Assist опцијата која подразбира полу-автономно управување.

Новитетот во понудата на Volkswagen ќе биде достапен со дизелски изведби со 75 и 120 коњски сили, како и со TSI бензинец со 115 кс.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider