Slider

Новитети

Volkswagen го освежи Arteon и ја претстави неговата Shooting Brake верзија

Slider

Капацитетот на багажникот на Shooting Brake изведбата е минимално поголем од тој на седанот (565 литри), а поголема разлика се добива при спуштање на задната клупа (1.632 наспроти 1.557 литри)

24/06/2020

Volkswagen ја релизираше најавата и го претстави освеженето издание на својот луксузен спортски седан Arteon, кој со фејслифтот доби и Shooting Brake изведба.

Ако седанот зад себе има неколку успешни години по премиерата, Arteon Shooting Brake е надополнување на понудата во сегментот и Германците сметаат дека ќе биде подеднакво успешен како основната изведба.

Силуетата на Arteon и Arteon Shooting Brake разбирливо ќе се разликува од Б столбот наназад, па ако седанот има купе завршница, кај Shooting Brake издолжената силуета завршува со нов спојлер.

Технолошки новитет е што двете варијации ќе бидат достапни со плаг-ин хибрид погон, а купувачите кои ќе инсистираат на перформанси, ќе можат да се одлучат за Arteon R верзијата.

Капацитетот на багажникот на Shooting Brake изведбата е минимално поголем од тој на седанот (565 литри), а поголема разлика се добива при спуштање на задната клупа (1.632 наспроти 1.557 литри).

Освежениот ентериер исполнет со квалитетни и меки материјали на допир е надополнет со дигитализацијата, а покрај големиот број безбедносни системи, Arteon и Arteon Shooting Brake го добиваат и Travel Assist, кој овозможува полуавтономно возење на брзини до 210 км/ч.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider